Поплави во Турција- повеќе од 30 загинати

Најмалку 31 лице загинаа во поплавите што вчера ја зафатија Турција, а кои беа предизвикани од силниот дожд во околината на Истанбул и северозападна Турција. Премиерот Реџеп Таип Ердоган изјави синоќа дека 26 лица го загубиле животот во Истанбул и пет во соседната провинција Такирдаг, додека девет лица се сметаат за исчезнати.