Инциденти во Ирак- двајца загинати

Двајца Ирачани се убиени во два одвоени инцидента кои се случиле во северниот дел од градот Мосул. Полицијата информира дека едниот од цивилите бил убиен во источниот кварт Мохандисин додека вториот бил убиен во предградието Адан од непознато вооружено лице со пиштол. Засега нема детали. Мосул останува еден од најнасилните градови и покрај подобрувањето на неговата безбедносна состојба.