Газпром отвори нов гасовод низ Литванија

Руската компанија Газпром отвори нов гасовод низ Литванија кој ќе овозможи зголемување на испораките на гас кон Калининград, руска енклава која се наоѓа меѓу Полска и Литванија.
Гасоводот ќе овозможи зголемена испорака на гас и за Литванија, која е соочена со енергетски дефицит, откако во декември затвори една нуклеарна централа од советската ера.