Северна Кореја го напаѓа Сеул со вода?

Висок претставник на Јужна Кореја вели дека се чини оти Северна Кореја намерно ја отворила браната што го подигна нивото на една река во Јужна Кореја. Властите од Сеул велат дека шестмина кампери загинале во поплавата што ја предизвикало пуштањето на 40 милиони тони вода од брана што е на границата меѓу двете Кореи. Јужна Кореја обвинува дека не била известена за пуштањето на водата.
Властите во Пјонгјанг признаваат дека ја отвориле браната, но велат дека го направиле тоа зашто нивото на водата било превисоко. Министерот за обединување на Јужна Кореја претходно рече дека пуштањето на водата било намерно, но министерството подоцна соопшти дека тоа не може да се толкува како напад.