Иран има доволно ураниум за атомска бомба?

Соединетите американски држави изразија сериозна загриженост дека Иран смислено се обидува да ја одржи во живот неговата нуклеарна програма. Главниот американски претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија, Глин Дејвис посочува дека последните извештаи на Агенцијата покажуваат дека Иран, или е многу блиску или, пак, веќе има доволно осиромашен ураниум за производство на една атомска бомба.