20 загинати во поплавите во Истанбул

20 луѓе загинаа, а повеќе од 20 се повредени во поплавите што го погодија најголемиот турски град Истанбул и неговата околина, соопштува гувернерот на Истанбул Муамер Гулер. Невремето, проследено со обилни дождови, ја блокираше главната сообраќајница која го поврзува Истанбул со индустриската зона, главниот аеродром и со автопатот кон Грција.