Премиерот Груевски на економски самит во Кина

Македонскиот премиер Никола Груевски престојува во Кина каде што ќе учествува на состанокот на Светскиот економски форум што од утре до 12 септември ќе се одржи во кинескиот град Далиан. Состанокот на кој ќе учествуваат повеќе од 1.300 учесници од 86 земји ќе го отвори кинескиот премиер Вен Џиабао. Премиерот Груевски ќе има обраќање в сабота во рамките на панелот во врска со влијанието на економската криза врз вработеноста