Грузија го ослободи турскиот капетан на брод

Грузија го ослободи турскиот капетан на брод, што претходно го осуди на 24 години затвор. Турчинот беше осуден поради тоа што превезувал нафта кон Абхазија и со тоа го прекршил ембаргото што Грузија и го наметна на таа сепаратистичката област.
Неговото ослободување коинцидира со посетата на турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу на Грузија.