ОН: Судан го крши меѓународното право

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации оцени дека осудувањето на жена во Судан поради недолично носење панталони го крши меѓународното право и ја симблизира дискриминацијата на жените во таа исламска држава. Судот во Судан ја осуди новинарката Лубна Хусеин на еден месец затвор, откако таа одби да ја плати казната од 200 долари.