Нови жртви во кинеските рудници за јаглен

Најмалку 13 лица загинаа, а 66 се водат за исчезнати по екплозија на гас во рудник за јаглен во централна Кина. Во моментот на експлозијата, 90 рудари беа под земја. Кинеските рудници се меѓу најопасните во светот. Над 3 илјади рудари загинаа минатата година.