Телата на загинатите во Охридско езеро префрлени во Софија

По завршувањето на идентификацијата, синоќа во 22 часот со специјален лет беа транспортирани за Софија телата на бугарските државјани што настрадаа во несреќата на бродот во Охридското езеро. Претходно во 20 часот со посебен авионски лет за Бугарија заминаа и нивните роднини. Вчера беше извршена обдукција во Институтот за судска медицина, што ја следеа и бугарски експерти. Причините за несреќата ги утврдува комисија, составена од експерти за внатрешна пловидба од Македонија, Бугарија и од Хрватска.