Американски ракетен напад во Пакистан

Најмалку 4 луѓе загинаа, а шестмина се повредени во американски ракетен напад врз милитантите на границата со Авганистан, соопштуваат пакистанските воени власти. Тие велат дека повеќето од убиените се талибански борци. Американската армија не го потврдила нападот.