Ослободен авганистанскиот студент осуден за бласфемија

Ослободен е авганистанскиот студент по новинарство, чие затворање поради бласфемија го привлече меѓународното внимание, минатата година, јавува Радио Слободен Авганистан. Студентот Парвез Камбакаш првично беше осуден на смрт поради тоа што од интернет „симнал“ текст за правата на жените во Исламот. Подоцна неговата казна беше намалена на 20 години затвор. Организацијата Новинари без граници информира дека адвокатот на студентот соопштил дека неговиот клиент бил ослободен пред неколку недели, откако претседателот Хамид Карзаи, тајно го потпишал неговото помилување. Семејството на студентот изјави дека тој веќе ја напуштил земјата.