УНИЦЕФ го критикува протерувањето на нивниот портпарол

УНИЦЕФ ја критикуваше одлуката на владата на Шри Ланка да го протера нивниот портпарол, поради неговите коментари по завршување на граѓанската војна, во мај. Според УНИЦЕФ одлуката е неприфатлива.
Владата на Шри Ланка го протера портпаролот на УНИЦЕФ Џемс Елдер зашто, според нив, тој бил пристрасен кон Тамилските тигри.