Суданска новинарка осудена за носење панталони

Суданска новинарка денеска е осудена за непристојност зашто носела панталони, но таа ќе биде поштедена од тепање. Судот одлучи новинарката Лубна Хусеин да плати 200 долари казна, иако се соочуваше со можна казна од 40 стапа.
Таа била уапсена заедно со уште 12 други жени кои носеле панталони во познато кафуле во главниот град Картум.