Иран нема да преговара за нуклеарната програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат изјави денеска дека Иран ќе продолжи со нуклеарните активности и нукогаш нема да преговара за неговите, како што рече, очигледни права. На прес конференција во Техеран, Ахмадинеџат изрази готовност за преговори со светските сили, но само за глобалните предизвици.