Турција бара од Грузија ослободување на капетанот на бродот

Турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу за време на денешната посета на Грузија побара од властите во Тбилиси да го ослободат турскиот капетан на бродот, кој е упасен поради кршење на економското ембарго во Абхазија. Како што јавуваат агенциите, било договорено капетанот да биде ослободен, но конечната одлука ќе биде соопштена утре. Во август во Црно Море беше запленет танкерот со кој управувал турскиот капетан, а кој превезувал нафта за Абхазија. Капетанот е осуден на 24 години затвор.