Чавез во Туркменистан со предлог извозниците на гас

Претседателот на Венецуела Уго Чавез денеска го повика Туркменистан да му се приклучи на предложениот глобален картел за снабдување со гас, по примерот на производителите на нафта, ОПЕК. Чавез, кој е во официјална посета на Туркменистан, овој предлог му го пренел на неговиот домаќин, претседателот Бедримухамедов. За оваа идеја, според Чавез, било дискутирано и со Русија, Иран и Катар.