Книга на жалост во бугарската амбасада во Скопје

Денеска во амбасадата на Република Бугарија во Скопје ќе биде отворена книга на жалост за загинатите во несреќата во Охридско езеро. При потонувањето на бродот „Илинден“ во саботата, загинаа петнаесетмина бугарски државјани, а повредените патници се надвор од животна опасност. Денеска во Бугарија е ден на жалост.