Поништени гласачки ливчиња во Авганистан

Авганистанската изборна комисија соопшти дека поништува гласачки ливчиња од 447 избирачки места на неодамнешните претседателски избори во земјата. Бројот на поништени ливчиња засега не е познат, но се претпоставува дека десетици илјади гласови се прогласени за неважечки. Активноста на изборната комисија следи по реакциите на претседателскиот кандидат Абдула Абдулах, главниот противкандидат на актуелниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи