Девет загинати при потонување на траект кај Филипини

Деветмина загинаа а 957 лица се спасени од траектот кој потона во близина на Филипините, соопштија официјални извори. За сега две лица се водат како исчезнати. Фериботот марка „Супер Фери“ превезувал 968 патници и според филипинската крајбрежна стража, не носел опасен товар.