Притвор за капетанот на потонатиот брод

Истражниот судија во Охрид му одреди 30-дневен притвор на капетанот на бродот што вчера потона во Охрид. Помошник капетанот е пуштен на слобода.
Денеска во Македонија е ден на жалост, поради вчерашната несреќа. Конечниот билнас вели дека во несреќата загинаа 15 бугарски државјани, а 42 луѓе преживеаја.
Вчера, властите во неколку наврати соопштуваа различни податоци за бројот на загинати, како и за бројот на патници на бродот.