Јеменската влада го злоупотребува примирјето?

Шиитските бунтовници во Јемен го отфрлија обвинувањата од владата дека го прекршуваат примирјето, склучено за да се овозможи пристап до хуманитарна помош на населението. Лидерот на бунтовниците вели дека владата го користи прекинот на огнот за да ги снабди своите војници кои се опколени од бунтовниците на северот на земјата.