Американците загрижени од севернокорејската нуклеарна програма

Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја Стефан Босворт, денеска во Сеул, изрази загриженост, по наводите на Северна Кореја дека е поблиску до втор начин за изработка на атомска бомба.
Збогатувањето на ураниумот ќе му даде можност на Пјонгјанг, на друг начин да направи атомска бомба. Нивната нуклеарна програма, до сега, беше базирана на плутониум.