Откажана посетата на Карл Билт на Израел

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт ја откажа посетата на Израел, закажана за оваа недела, соопштува израелското министерство за надворешни работи. Портпаролот на израелското министерство на сака да коментира што е причината за откажување на посетата.
Тензиите меѓу двете земји се зголемија поради напис во шведски весник, во кој се вели дека израелските сили наводно земале органи за пресадување од Палестинците што умреле во затвор. Израел смета дека текстот е антисемитски.