Десетмина загинаа во бродолом во Охридското Езеро

Повеќе од десет луѓе загинаа, откако туристичкиот брод „Илинден“ потона на околу 250 метри од брегот, во водите на Охридското Eзеро, во близина на автокампот „Елешец“.
Бројот на жртви може да биде поголем, јавува МИА. Бродот, според неофицијални информации превезувал група од педесетина туристи од Бугарија.
Во тек е акција за извлекување на телата на жртвите.
Причината за несреќата се уште не е позната.
Неофицијално, први во помош на патниците од потонатиот брод, дошле луѓе од автокампот. Тие со чамец успеале да спасат голем дел од нив, јавува државната новинска агенција.