Потона туристички брод во Охридското Езеро

Потона туристичкиот брод „Илинден“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на автокампот „Елешец“. На бродот имаше поголем број патници.
Најверојатно во бродската несреќа има жртви, а во тек е акција за спасување, во која е вклучена екипа од нуркачи, објави новинската агенција МИА.
Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат некои од патниците, јавува МИА.