На светската економија се уште и треба итна помош

Британскиот премиер Гордон Браун денеска во Лондон на состанокот на министрите за финансии на Групата 20 развиени земји во светот изјави дека е премногу рано за завршување на ,,итната помош,, за глобалната економија. Тој оцени дека тоа би било сериозна грешка што би можело да ги поткопа првите знаци на заздравување на економијата. Министерската средба во Лондон е подготовка на самитот на Групата 20 што кон крајот на месецов ќе се одржи во американскиот град Питсбург.