Уште една прошетка во Вселената

Астронаутите на американскиот шатл Дискавери денеска ќе ја направат третата и последна вселенска прошетка во текот на нивната мисија на Меѓународната Вселенска Станица. Дискавери донесе 7,5 тони продукти за снабдување и резервни делови, како и замена на дел од екипажот на Станицата. Шатлот треба да се врати на Земјата на 10 септември.