Меѓународен самит во Авганистан?

Обединетите нации се надеваат дeка ќе организираат меѓународен самит во Авганистан за да ги промовираат политичките и економските реформи во таа земја. Според најавите, до ваквиот состанок би дошло во првата половина на идната година. Тензиите во Авганистан се интензивираа по претседателските избори одржани на 20 минатиот месец, по кои и двајцата ривали, сегашниот претседател Хамид Карзаи и опозициониот кандидат Абдула Абдула прогласија победа.