Г 20: Превенција од нова економска криза


Министрите за финансии од Група 20 најбогати земји во светот, денеска во Лондон ќе дискутираат за начините да се спречи однесувањето на банките кое би можело да доведе до нова глобална економска криза. Состанокот всушност е подготовка на самитот на Групата 20 што кон крајот на овој месец ќе се одржи во американскиот град Питсбург.