САД загрижени за цивилните жртви во Авганистан

Американската Бела Куќа изрази голема загриженост околу извештаите дека авганистански цивили биле меѓу убиените во американскиот воздушен напад врз конвој со цистерни за нафта кој бил грабнат од талибанците. НАТО претходно најави целосна истрага за инцидентот што се случи вчера во провинцијата Кундуз а во кој загинале над 90 луѓе.