Доживотен затвор за екс американски војник во Ирак

Поранешниот американски војник Стивен Грин е осуден на доживотен затвор за силување и убиства додека бил распореден во Ирак. Американскиот сојузен суд во Кентаки на 24 годишниот Грин му одреди пет казни доживотен затвор, без право на жалба, за силување 14 годишно девојче по што ја убил заедно со тројца други членови на нејзиното семејство. Ова се случило во 2006 година во близина на Багдад.