Европа е подготвена и за конфронтација со Иран, изјави Билт

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт денеска го предупреди Иран дека Европа е подготвена и за конфронтација, доколку Техеран одбие да преговара за неговата нуклеарна програма. На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската Унија во Стокхолм, и францускиот министер Бернар Кушнер оцени дека со Иран се водат преговори веќе три години и оти досега нема никаков напредок.