5 насто ДДВ за становите во Македонија?

Се намалува ДДВ на продажбата на становите.Со измените на Законот за данокот на додадена вредност кои денеска поминале на владина седница се предлага намалување од 18 на 5 проценти. Се очекува наредната недела се очекува да бидат усвоени од Собранието.Владата очекува позитивни ефекти од измените кои ќе придонесат за заживување на градежништвото и други 20-ина дејности. Премиерот Груевски рече дека со овие измени се очекува да се намали цената на становите за околу 13 проценти што, според него, ќе придонесе поголем број граѓани да го решат своето станбено прашање. Намалувањето на даночната стапка, како што рече премиерот, нема да има негативни ефекти врз Буџетот затоа што се очекува да има поголема продажба на становите.