Генералниот секретар на НАТО вети истрга за Кундуз

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расумнсен денеска во Брисел изјави дека е можно да има цивилни жртви при денешните воздушни напади на Алијансата во Кундуз. Тој вети истрага за инцидентот. Официјални преставници на Авганистан претходно соопштија дека во воздушни напади на НАТО врз цистерни со нафта, заробени од талибанците во северен Афганистан, загинале десетици луѓе, меѓу кои и многи цивили. Нато потврди дека презел напади во провинцијата Кундуз чија цел биле милитантите кои ја украле нафтата. Гувернерот на Кундуз изјави дека се стравува оти околу 90 лица загинале. Според дписникот на Слободна Европа, многу од повредените во локалната болница биле цивили.