Ракомет- Вардар се бори за пласман во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар Про од денеска до недела во салата „Кале“ ќе се натпреваруваат за виза за пласман во групата во Лигата на шампионите, а таму се стигнува само со освојување на првата позиција во квалификациската група. Првиот противник денеска од 18 часот е турски Бешикташ, в сабота од 20 часот е дуелот со Будуќност од Црна Гора и в недела во истиот термин е натпреварот со Динамо Минск од Белорусија.