Лидерот на Хамас му ја честита победата на Ахмадинеџад

Лидерот на Хамас во појасот Газа, Исмаил Ханија во телефонски разговор му ја честиташе победата на јулските избори на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Портпаролот на Ханија соопштува дека тоа е нивен прв раговор по завршувањето на изборите во Иран. Сепак, останува нејасно зошто Ханија чекаше речиси три месеци за да му честита на Ахмадинеџад.