Одбиена тужбата за нарушен углед на чеченскиот претседател

Руските правосудни власти ја одбија тужбата на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров против директорот на организацијата за заштита на човековите права Меморијал, Олег Орлов. Кадиров го тужеше Орлов поради нарушување на угледот и бараше 300 илјади долари оштета, зашто на интернет страницата на организацијата, Орлов објави дека Кадиров стои зад убиството на нивната активистка Наталија Естемирова.