Кина со домашна валута купува обврзници од ММФ

Кина купува обврзници од Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 50 милијарди долари. Продажбата на обврзниците е дел од напорите на ММФ да собере 500 милијарди долари за кредитирање на економиите најмногу погодени од светската економска криза.
Невообичаено е што Кина ги плати обврзниците во јуани, наместо во долари, иако глобалните пазари не работат со јуани.
Експертите велат дека тоа може да помогне за ширењето на јуаните во странство, чекор што Пекинг тивко го промовира.