Сојузот со САД, основа на јапонската дипломатија

Американскиот претседател Брак Обама очекува заеднички да работи со идниот премиер на Јапонија Јокио Хатојама врз задравувањето на глобалната економија и во борбата против климатските промени. Ова Обама му го пренесол на Хатојама за време на синоќешниот телефонски разговор. Јапонски медиуми објавија дека Хатојама оценил дека безбедносната алијанса меѓу двете земји е основа на јапонската надворешна политика. Демократската партија на Хатојама освои убедлива победа на неделните парламентарни избори, со што заврши над 50 годишното скоро непрекинато владеење на Либерално демократската партија.