Оптимизам за продолжување на мировните преговори

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел оцени дека имал добар состанок со двајца израелски претставници и оти во идната недела ќе ги продолжи средбите со цел да дојде до обновување на израелско палестинските мировни преговори. Мичел во минатата недела во Лондон разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за замрзнување на градењето еврејски населби на палестинските територии.