Во Босна нема напредок, согласни САД и ЕУ

САД се загрижени поради ситуацијата во Босна, бидејќи таму нема никаков напредок во остварување на поставените цели на патот кон евроатланските интеграции, изјави заменик- помошникот на државниот секретар Стјуарт Џонс. При посетата на Сараево, Џонс и директорот на секретаријатот на советот на ЕУ за Западен Балкан Золтан Мартинус, истакнаа дека потешкотиите се јавуваат во моментот кога подготвеноста за влез во Унијата треба да биде преточена во акција.