Баро ги повика европските земји да прифаќаат бегалци

Европскиот комесар за правда и внатрешни работи Жак Баро ги повика европските земји да се соединат во прифаќањето на бегалците од државите погодени од војни или од голема сиромаштија. Целта, според него, е азилантите да престанат илегално да доаѓаат во ЕУ. Моментално само десет земји од ЕУ прифаќаат бегалци. Приоритет треба да бидат ирачките бегалци кои живеат во Јордан и Сирија, вели Баро.