Протести во Ереван по договорот Ерменија- Турција

Околу илјада пронационалистички ориентирани Ерменци протестираа во главниот град Ереван, незадоволни од новиот договор на нивната земја со Турција за воспоставување на дипломатски односи, прв пат во историјата меѓу двете земји. Демонстрантите сметаат дека Турција не го признала геноцидот врз еден ипол милион Eрмeнци за време на владеењето на отоманската империја. Од друга страна, аналитичарите велат дека и двете земји ќе имаат корист од договорот.