Карзаи го зголемил водството по пребројани 60% гласови

Кандидатот за претседател на Авганистан Хамид Карзаи уште повеќе го зголеми водството според последните резултати од изборите на 20-ти август. Според независната изборна комисија, Карзаи освоил околу 47 проценти од гласовите, а неговиот ривал, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдулах речиси десет насто помалку. Досега се избројани 60 проценти од гласовите.