Кушнер: Меѓународната заедница останува во Авганистан

Меѓународната заедница ќе остане покрај Авганистанците и ќе им помогне да ја „земат судбината во свои раце“, порача шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер.
Тој денеска во Париз го отвори состанокот на кој учествуваа 27 претставници на држави или организации вклучени во реконструкцијата на Авганистан и Пакистан.