Средба на високо ниво меѓу Израел и Палестина

Израелски и палестински високи функционери се сретнаа денеска во Ерусалим. На средбата присуствувале потпретседателот на израелската влада Силван Шалом и палестинскиот министер за економија Басем Хури. Тоа е прв состанок на толку високо ниво од доаѓањето на Нетанјаху на власт во Израел и воопшто прв состанок меѓу претставници на кабинетите на Нетанјаху и на палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Се разговарало најмногу за развој на палестинската економија.