Словенија и Хрватска пред договор за спорот?

Словенечкиот премиер Борут Пахор изјави дека предлогот за решение на спорот меѓу Словенија и Хрватска околу границата, поради кој се блокирани пристапните преговори на Загреб со Европската Унија, би можел да биде понуден во неколку наредни седмици. Во синоќешната изјава за словенечките медиуми, по средбата со хрватската колешка Јадранка Косор, во Гдањск, Пахор истакна дека тоа би било солуција која во целост би ги задоволила двете страни. Косор оцени дека е завршено околу 95 проценти од работата и оти сега на дело е „тивка дипломатија“.