Шефот на чешката дипломатија во Македонија

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република Јан Кохут денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. За време на посетата, Кохут ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска Јанковска.